Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го критикуваше својот наследник Џо Бајден поради политиката за војната во Украина. Трамп порача дека би преговарал со Русија, и дека мировен договор би се склучил за 24 часа.

„Џо Бајден низ слабоста и неспособноста не донесе на раб до трета светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на раб на трета светска војна. Кога јас ќе бидам повторно претседател, ќе го вратам мирот“, рече Трамп.

Тој тргна во предизборна кампања првпат откако ја објави својата кандидатура за враќање во Белата куќа. Првиот говор го одржа во Салем.