Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја истакна својата поддршка за царините. Тој нагласи дека токму тој збор му е најдраг, пренесуваат американските медиуми.
За време на настап во Пенсилванија, Трамп изјави:
„Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Ја сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, пишува „Њујорк пост“.
Според истиот американски весник, тој нагласил дека неговата царинска политика „носи стотици милијарди долари“ во САД.
Трамп во говорот се осврна и на ефектите врз индустријата, посочувајќи дека работниците во челичарниците, особено во Пенсилванија, гледаат подобри резултати благодарение на неговата стратегија.
„Доколку немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД и тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп, подвлекувајќи ја важноста на тие мерки за одржување на домашното производство.
