Николоски најави дека проектот ќе ги поврзе селата со градскиот водовод и ќе донесе чиста вода за пиење

По три децении ветувања кои не беа реализирани, Владата започна со изградба на водовод кој треба да ги поврзе селата Љуботен и Љубанци со градскиот водовод. Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека „три децении лаги од ДУИ и СДСМ“ сега се заменуваат со конкретни дела.

„Ние не ветивме, туку се зафативме за работа и реализираме. Денес започнавме со изградба на водовод кој треба да ги поврзе селата Љуботен и Љубанци со градскиот водовод“, рече Николоски.

Тој додаде дека проектот е координиран од премиерот Христијан Мицкоски, а финансиран и спроведуван преку Министерството за транспорт на барање на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Градиме во сите населени места без никакви поделби. Како Влада решаваме децениски проблеми. Продолжуваме посветено во сите општини“, изјави Николоски, нагласувајќи дека ова е пример за конкретни дела наместо празни ветувања.