На 09.10.2022 во 22.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Општина Липково, атар на с.Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.М.(22) од с.Оризари-општина Липково и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(27) од с.Отља, липковско, двете со кумановски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „ауди“, С.И.(21) од с.Липково, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.