Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9.4 %, а индексот на цените на мало е 7.0 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, додека индексот на цените на мало 101.0.

Според Државниот завод за статистика, пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13.6 %, Ресторани и хотели за 12.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 11.7 %, Разновидни стоки и услуги за 11.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8.0 %, Рекреација и култура за 6.7 %, Здравје за 4.6 %, Облека и обувки за 4.4 %, Образование за 2.9 %, Комуникации за 1.1 % и Транспорт за 0.5 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2023 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустрископрехранбени производи за 12.5 %, Пијалаци за 9.7 %, Земјоделски производи за 8.5 %, Услуги за 6.0 % и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5.3 %.