Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, упати јавна порака против непрописното паркирање и заземањето на пешачките зони од страна на несовесните возачи.
Тој потенцираше дека локалната самоуправа воведува строги мерки и нема да дозволи толеранција за узурпација на јавните простори наменети за движење на граѓаните.
Костовски прецизираше дека за сите непрописно паркирани возила ќе следуваат соодветни парични казни од страна на Министерството за внатрешни работи.
Истовремено, општинската пајак-служба ќе врши постојано подигнување и отстранување на возилата што го попречуваат слободното движење на пешаците низ општинските улици.
„Тротоарите се за пешаци, не за автомобили! Нема толеранција за узурпација на јавните површини!“, порача Костовски.
