-Ние побаравме од Владата да ни достават записници од седницата која беше затворена, потоа побаравме кој им ги дал контактите за да стапат во контакт со фирмата „Стабри“ од Хонг Конг, дали е издадена банкарска гаранција и побаравме дали има склучени договори со „Синофарм“ или било која друга фирма за вакцини. Од првичните документи кои ги добивме не доставија тоа што баравме. Затоа се обративме уште еднаш и се надевам дека во рок до другата недела треба да ни одговорат на дополнителните наши барања. Пративме и до други институции дали таква трансакција има и се надевам дека за недела дена ќе излеземе со информација точно што е случувано, па после ако другите надлежни институции ценат дека има или нема нешто сомнително можат да ја превземат понатаму истрагаата, обвинителството, финасикста полиција, финансиското разознавање и така натаму.
Трпеновски: Владата не ни достави документи дали има склучено договори со некоја фирма за набавката на вакцини
Т
Горан Трпеновски од Антикорупциска комисија во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше со сканадалот околу набавката на вакцините и посочи дека од Владата побарале да има дадат дали има склучено договори со било која фирма за набавка на вакцини, но од првичните документи кои ги добиле не им било доставено она што го барале.