Фјучерсите за суровата нафта пораснаа денеска како последица на неизвесноста од мировните преговори САД – Иран и затворениот Ормуски теснец.
Цената на нафтата Брент порасна на 112,3 долари за барел, а американската WTI се задржаа над 100,3 долари за барел.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Иран ги повикал САД да ја укинат поморската блокада на теснецот додека продолжуваат преговорите за прекин на конфликтот, при што прекините веќе ги ограничуваат енергетските текови од Блискиот Исток.
Затворањето на овој витален коридор запре околу 20% од глобалните испораки на нафта.
Дополнително тековниот конфликт ги натера ОАЕ да го објават своето излегување од ОПЕК следниот месец за поголема флексибилност во прилагодувањето кон променливите пазарни услови.
