Фјучерсите за суровата нафта утрово паднаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе премине на „ослободување“ на заглавени товарни бродови во Ормускиот теснец и посочи на напредок во преговорите со Иран иако спротивната страна не го прифаќа планот.

Фјучерсите за суровата нафта Брент се тргуваат близу 107,4 долари, додека американската сурова нафта WTI се тргуваат за 101,1 долари за барел.

Иницијативата на Трамп, наречена „Проект слобода“, која треба да почне денеска има за цел да им помогне на цивилните бродови кои пловат со знаме во земји кои не се поврзани со конфликтот да излезат од спорниот воден пат за да можат да го продолжат својот бизнис. Централната команда на САД соопшти дека во операцијата ќе учествуваат уништувачи со наведувани ракети, повеќе од 100 авиони и 15.000 војници, но Пентагон сè уште не одговорил на прашањата за деталите за нивното распоредување.

Иран од своја страна, соопшти дека го разгледува одговорот на Вашингтон на неговиот последен предлог од 14 точки, зголемувајќи ги надежите за дипломатско решавање на конфликтот.

Од друга страна производителите на нафта од составот на ОПЕК+ се согласи на симболично зголемување на квотите за производство во јуни, сигнализирајќи став за вообичаено работење по напуштањето на организацијата од страна на Обединетите Арапски Емирати.

Цените на нафтата нагло скокнаа оваа година, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток и ефикасното затворање на Ормускиот теснец ги нарушија глобалните пазари.