Во врска со километарските колони кои можеа да се забележат на ГП „Табановце“ денеска, на својот Фејсбук профил со критика до власта се јави и поранешната пратеничка на СДСМ од редовите на „Шарената револуција“, Ивана Туфегџиќ.

Таа вели дека сцените на кои сведочиме денеска претставуваат државен срам, а бидејќи граѓаните се оставени на цедило бараат начин за да спасат жива глава.