Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена мртва во стан во Штип, информира полицијата.
Случајот бил пријавен во СВР Штип денеска во 14:48 часот. Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека станува збор за У.Е. (20), државјанка на Република Турција.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.
