Контролите, како што изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, биле извршени во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат од Струга.
– При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на улица „8-ми септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест Ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба, додаде Димоски.
Според него за случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава, по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Димоски исто така информираше во врска со почитувањето на мерката за носење заштитна маска на лицето. Во последните четири дена, вел тој, нема констатирано прекршок од овој вид, додека во овој месец издадени се 41 прекршочен платен налог за неносење маска.