Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода М.С.(34) од Кичево зашто целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, соопшти МВР.
М.С. е уапсена вчера во 14.00 часот поради, како што наведува МВР, грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување. За ваквиот однос кон детето е известен Центарот за социјални работи од Кичево.
По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.