Поранешниот американски претседател Доналд Трамп jа започна изборната сезона во САД, откако во Ајова ги доби гласовите за претседателски кандидат на Републиканската партија.

Си-Ен-Ен пренесува дека убедливата победа на Трамп во оваа сојузна држава само го потврдила она што веќе се сомневало, а тоа е дека партијата се уште е со него.

Според последните податоци, Трамп доби нешто повеќе од 56.000 гласови во пратеничката група во Ајова, речиси 33.000 гласови повеќе од второпласираниот Рон ДеСантис, гувернер на Флорида.

Ники Хејли, поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, го освои третото место со нешто повеќе од 21.000 гласови, а по неа е Вивек Равасвами со околу 8.500 гласови и Аса Хачинсон со само 191 глас.

Кога станува збор за бројот на освоени делегати на претседателските кандидати за конечната републиканска конвенција која на лето ќе ја објави личноста која во ноември ќе учествува во трката за Белата куќа во име на таа партија, Трамп е убедливо прв.

Тој доби 20 делегати, Десантис 8, Хејли освои 7, Равасвами 3.

На последната конвенција, републиканската претседателска номинација ќе ја добие кандидатот кој ќе собере најмалку 1.215 од 2.429 делегати доделени за време на пратеничката група и внатрепартиските избори.

Си-Ен-Ен објави дека голем број републикански конгресмени со симпатии кон Трамп изјавиле за станицата по објавувањето на резултатите од Ајова дека неговата победа таму е јасен сигнал до неговите ривали дека треба да се откажат од трката.