Апел за прекин на војната
Папата Лав Четиринаесетти денеска предупреди дека цивилното население во Украина трпи сè потешки последици од тековните руски напади и повторно повика на прекин на конфликтот.
„Долготрајните непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, истакна папата по денешната миса.
Тој нагласи дека последните напади ја влошиле состојбата на терен и ги оставиле граѓаните без основни услови за живот, особено во зимски услови.
„Дури и во последните денови, Украина е погодена со континуирани напади што го оставаат целото население изложено на зимскиот студ. Со тага следам што се случува и се молам за оние што страдаат“, рече папата.
Илјадници без струја и греење во Киев
Папата ги повика сите страни во конфликтот да ги интензивираат напорите за запирање на војната и заштита на цивилите.
Неговата изјава доаѓа откако, како резултат на руското гранатирање во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, повеќе од 800.000 луѓе во Киев останаа без електрична енергија.
Во исто време, речиси 6.000 згради во украинската престолнина останале без греење, што дополнително ја отежнува состојбата за населението на ниски температури
