Градот Херсон во јужна Украина, за кој Русија тврди дека го освоилa ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објави рускиот државен медиум РИА новости.
Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, за РИА новости изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривни.
По овој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута, додаде тој.