Многубројни елки се наоѓаат низ ходниците и собите во Белата куќа, украсени со мотивите кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината.

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „подари од срце“.

Првата дама на својот официјален профил на Твитер објави фотографии од магичната атмосфера насекаде низ домот, а милионските следбеници буквално останаа воодушевени од глетката.

Меѓу украсите се наоѓа и џиновска торта во облик на Бела куќа, додека официјалната новогодишна елка е висока 5,5 метри и го симболизира мирот и единството во земјата.