Шефицата на Европската Комисија(ЕК), Урсула Фон дер Лајен да се извини за употребата на терминот „северномакедонците”, бараат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

ОМД е длабоко загрижена и згрозена од тоа што претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен Македонците навредливо ги нарече „северномакедонци” за време на нејзината посета во Скопје по потпишувањето на договорот со Фронтекс.

„Ја повикуваме веднаш да се извини“, се вели во реакцијата на ОМД.

Евроамбасадорот Дејвид Гир по оваа постапка на претседателката на ЕК изјави дека таа направила лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“.
Фон дер Лајен деновиве беше во Скопје, и вети помош вредна 80 милиони евра за да може Македонија полесно да се справи со енергетската криза.