Како што пренесе РТС, српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, кој го дочека авионот со вакцините, кажа дека тие се произведени во фабриката Генериум во Владимирската област во Русија, а доставени се во 19 специјални контејнери за да се чуваат на одредена температура.

Тие од аеродромот се испратени во Институтот Торлак, од каде ќе се доставуваат по центрите за вакцинација.

Поповиќ кажа дека доставувањето вакцини од Русија ќе продолжи, како и дека секоја недела ќе пристигнуваат нови количества.