Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Турција, на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Според веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 56 километри од Кахараманмараш, еден од најтешко погодените градови на југот на Турција во разорните земјотреси од 6 февруари.
Турција и Сирија минатиот понеделник беа погодени од два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала.