Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“.

Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.

На денешната седница, Уставниот суд, меѓу другото, ќе го разгледа и оспорениот член 54, 68, 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100, 101 од Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата