Жителите на неколку скопски улици утре ќе останат без вода за пиење поради интервенција на водоводната мрежа, информираат надлежните.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, соопштија дека прекин во водоснабдувањето ќе има за корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот, а причината за прекинот е уличен дефект на водоводната мрежа.
Од надлежните засега нема дополнителни информации за времетраењето на прекинот и за тоа кога се очекува нормализирање на снабдувањето со вода.
