Претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
Од понеделник продолжува стабилно време. Температурата до вторник ќе биде во благо опаѓање, а од четврток ќе бележи позначителен пораст, велат од УХМР.