Од попладневните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, пообилни во сабота (на места и над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, велат од УХМР.