Како што информираат од Кабинетот на претседателот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
-На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.