Пред почетокот на состанокот, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека Европската унија е подготвена за челнство на западен Балкан.
Вархеји најави нов план за раст, кој, според него, треба да го забрза проширувањето со земјите од регионот.
-Главната порака е дека ова е јасен знак дека членството доаѓа за Албанија. Членството доаѓа за западен Балкан. Планот за раст кој ќе го објавиме за западен Балкан треба да го забрза итно проширувањето од 1 јануари идната година за да ги примиме новите земји – членки што можно побрзо. Ние сме подготвени – изјави тој.
И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок испрати силна поддршка за проширувањето на Унијата, а Берлин со големо внимание го следи процесот.
-Германската федерална влада има голема загриженост да се забрза интеграцијата на западен Балкан во ЕУ. Јасно е дека низ годините има голема фрустрација, особено кај младите луѓе кои својата надеж ја гледаат во Европа. Тука можеме да создадеме силен регион само преку безбедност, слобода и мирен соживот – изјави Бербок.