Од шесте случаи на варијантата Му, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, четири се увезени, а поконкретно два се откриени во областа Арголида и на атинскиот аеродром и по еден во центарот на Атина и областа Ахаија.
Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа, додека, пак, СЗО завчера прецизираше дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.
Од новите потврдени мутации во Грција, доминантна е Делта со 899 нови случаи, односно 96,7 отсто од идентификуваните варијанти во земјата во измината седмица.
Во однос на новите случаи на Ковид-19, Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 2.840 новозаразени, починаа 33 лица, а 362 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.