ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Македонски Брод.
Како што најавуваат од партијата, претседателот Христијан Мицкоски ќе ја посети општинска зграда и ќе изврши увид во проектот за енергетска ефикасност на просториите, по што следува посета на градското Кале и увид во реализацијата на активностите за партерно уредување на Калето.
Потоа, претседателот Мицкоски на улица „Партизанска“ ќе изврши увид во проектот санација на канал за зафаќање и одведување на атмосферски води.
Предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиумите, кај мостот на реката Треска и почеток на улица „Партизанска“ на која се реализира проект за изградба на тротоарите со потпорни ѕидови.
Мицкоски ќе го посети основното училиште и детската градинка на која во 2024 година ќе се постават фотоволтаици, а ќе изврши увид во активностите за реконструкција на дел од градските улици „Мирче Ацев“, „Јане Сандански“ и „Поречка“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го пушти во употреба спортското игралиште за баскет „Јане Сандански“, проект финансирано со сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, а ќе го посети и ООУ „Св. Климент Охридски“ каде ќе изврши увиди во Сензорната соба.
Посетата на Општината Мицкоски ќе ја заокружи со обраќање пред присутните граѓани во Домот на култура во општина Македонски Брод.