Битиќи, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива“.
За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан“, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива“, како и на панелот на кој ќе се дискутира пост-пандемската иднина во Европа.