Над 30 лица се до сега убиени, неколку стотици се уапсени а исто толку се водат како повредени за време на немирите кои избувнаа во Јужна Африка, веднаш откако беше уапсен поранешниот претседател Џејкоб Зума.
Властите во земјата ја распоредија армијата на улиците низ градовите во кои немирите беа најжестоки, но сепак тоа не беше доволно за потиснување на насилството.
На социјалните мрежи се појавија голем број на видеа на кои може да се види дека земјата практично е западната во состојба на анархија, а воспоставување на контрола од страна на властите се уште не е на повидок.
Покрај опожарените, ограбените и демолираните продавници, трговски центри, има извештаи кои говорат за исклучиво високо ниво на насилство кон белците кои се уште живеат во Јужна Африка, како и кон политичките противници.
Погледнете ги овие хаотични и апокалиптични сцени: