Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска излезе на терен кај поранешната фабрика „Треска“ во Скопје, каде попладнево избувна пожар.
Според градоначалничката, се уште нема првични информации за тоа како избувнал пожарот, пишува ТВ 21.
-Сè уште немаме. Тимовите се тука, се обидуваат да го локализираат. Се очекува командирот на противпожарната единица, а очекуваме во најкраток можен рок пожарот да биде локализиран за да не се прошири каде живеат луѓе, порача Арсовска.
Видеото може да го погледнете тука.