Законот за марихуана којшто Зоран Заев на сила го турка како предлог од Владата кој сака да биде изгласан во Собранието има за крајна цел да го легализира бизнисот со марихуана на Заеви. Овој закон не е ништо друго туку личен закон за бизнисите на Заев што ќе му овозможи лично богатење нему и неговата фамилија, изјави денеска за медиумите, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Патем тоа го прави со нова злоупотреба на европското знаменце, иако нема унифицирана европска регулатива за ова. Со овој закон Заев сака да овозможи освен за масло од канабис за медицински цели, да се легализира и трговијата со сув цвет од марихуана, односно она за кое што беше уапсен началникот на прилепската полиција „Чипсио“, пред неколку месеци да стане нормално и секојдневие кое на фирмите на Заеви ќе им носи годишно милиони евра, чист приход и заработка. Токму Заеви држат огромен дел од производството на марихуана во Република Македонија, преку МАМ Свети Николе и Фарма Медикал Валандово кои официјално се во нивна соспственост и други компании кои ги водат нивни блиски луѓе, за коишто можевме да видиме медиумски, вели тој.

Арсовски посочи дека ова што Заев сака да го направи е претворање на кланот Заев во нарко картел Заев од кој тој и неговите блиски луѓе енормно ќе се богатат на сметка на државата и граѓаните.

– Тоа нема да го дозволиме, Нарко картелот Заеви на едната страна, сиромашниот народ на другата страна. Ова е новата поделба која ја прави Зоран Заев. Концептот Македонија за сите луѓе ќе ги порази овие поделби кои ги создава Зоран Заев и тој ќе одгововара за злоупотребата на власта којашто ја прави единствено за личен бизнис интерес и семејното богатење него и неговите братучеди, додаде портпаролот.