Денеска низ САД се одржуваат масовни протести повикани од иницијативата „No Kings“, која го критикува вториот мандат на претседателот Доналд Трамп како тенденција кон авторитаризам.

Демонстранти се собраа на во повеќе од 2.500 локации низ земјата, меѓу кои и во Вашингтон, Њујорк и Чикаго, кои носат жолти облеки како симбол на отпор и држат транспаренти со пораки за заштита на демократијата.

Организаторите нагласуваат дека акциите ќе бидат ненасилни, иако одредени официјални лица ги означија како „опасни“ и обвинија дека ги поддржуваат радикалните групи.