И оваа година, како и лани, Благодатниот Оган во Македонија пристигна од Грција, а од Атина го донесе директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски.
Светиот Оган денеска околу 19 часот слета на скопскиот аеродром, од каде ќе го преземаа претставници на сите епархии.
Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.
Во Република Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.