Денешен гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше адвокатот Александар Бежовски со кој се дискутираше на актуелната политичка ситуација, а посебно се обрна се дисктираше „прошетката“ на Николовски во Дубаи и „одморот“ на Рашковски со семејството.

– Најавив во едно гостување дека Заев ќе падне на корупција, рече Бежовски

Новинарот Златев и гостинот Бежовски зборуваа и дали навистина станува збор за „одмор“ или пак станува збор за финансиска малверзација. Дестинациите на кои одат Николовски и Рашковски се интересни. Дубаи е оф-шор зона и може да претставува зона за перење пари или пак за финансирање, а делот каде е Мексико е познат за тргување со наркотици.

Дали Рашковски и Николовски се на одмор или во Дубаи и Мексико перат пари?

Исечок од гостувањето на Бежовски на Радио Лидер

Posted by Радио Лидер on Wednesday, March 17, 2021

 

Гостинот Бежовски дополни дека од Мексико брзо се стигнува до држави како Белизе, Еквадор и Колумбија, а тие земји се ризични за управата за финансиско разузнавање.