Пожар избувна синоќа во познатиот ресторан „Мал одмор“ во Штип. За среќа нема повредени лица, а причинета е значителна материјална штета.
На терен веднаш излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Штип кои интервенирале со три противпожарни возила и 12 пожарникари.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожар, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
