Гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана, предупреди државниот ревизор Максим Ацевски во интервју за ТВ 24.
Според Ацевски, долгогодишното несоодветно управување со претпријатието укажува на сериозни слабости во неговото финансиско и оперативно работење. Тој алармира дека проблемите не се нови, туку траат речиси две децении, без да бидат навремено и трајно решени.
