Двојните аршини на Филипче и СДС повторно излегуваат на виделина во јавноста. Заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, посочи дека доколку опозицијата била толку гласна за Еуростандард банка, граѓаните немало да бидат оштетени.

„Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат“, посочи Петрушевски.

„Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме“, вели Петрушевски.