Денеска започнува ракометниот мундијал во Данска, а утревечер нашата селекција е гостин на домаќинот. Покрај громогласната поддршка која е очекувано да ја има домаќинот на трибините ќе бидат и нашите најверни навивачи. Популарната „Фаланга“ патува кон Данска, а на патот ги собира симпатиите во сите држави. Од МакСпорт објавија видео на кое се гледа како ечи македонската песна додека нашите фанови пејат.

Погледнете: