Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 22-годишниот Е.Х. и 22-годишниот М.И. од село Сарај, Скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретаната Атлета во населбата Мичурин во Скопје му бил одземен велосипед.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.