Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на скандалите на Венко Филипче никако да им дојде крајот.

– Поради неспособноста на Венко Филипче Македонија секој ден има огромен број на новозаболени лица од КОВИД-19, над 3.400 граѓани починаа десега, пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, а вакцини нема ни за лек.Неспособноста на Филипче да набави вакцини резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118 место од 122 држави, велат од центарот за комуникации за партијата.

Од опоициската партија велат дека Македонија е на дното и додаваат дека Филипче влегува во сала за операции без опрема прекршувајќи ги основните протоколи. Во продолжение може да видите за што станува збор.

– Но ова како да не е доволно, излезе уште еден скандал во низата, каде што министерот за здравство и доктор по вокација го има по видеа каде се наоѓа во сала за операции, без притоа никаква заштита на него, без никаква лична заштитна опрема прекршувајќи ги сите основни протоколи.Според видеата безбедноста на пациентот не е еден од најважните приоритети на Филипче, ги прекрши основните медицински постапки и протоколи, децидни се тие.

Тие побараа оставка од Филипче велејќи дека се одземени илјадници човечки животи.

– „Primum non nocare“ – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем Филипче ова правило го прекрши?, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.