По “спонтаните” протести, каде на последниот пред Собрание видовме повеќе организатори отколку граѓани, утре следува уште еден обид – сега преку синдикатот ССМ, напиша на социјалните медиуми пратеникот Бране Петрушевски.

По “спонтаните” протести, каде на последниот пред Собрание видовме повеќе организатори отколку граѓани, утре следува уште еден обид – сега преку синдикатот ССМ. Не е тешко да се поврзат коцките кога имате видео каде однапред се планираат овие сценарија. Но, граѓаните не се наивни. Тие знаат да препознаат што е вистинска борба, а што е обид за партиска режија, напиша Петрушевски на социјални мрежи.