Унијата на млади сили во втор мандат по ред има потпретседател во највисокото тело на студентската организација на Европската Народна Партија и тоа е нешто што ќе продолжиме да го правиме во иднина сѐ со цел подобро претставување на младиот Македонец во меѓународните рамки, истакна Тодор Конески.
Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, овие денови престојува во Брисел, каде што учествува на годишното собрание на Европските Демократски Студенти, официјалното студентско тело на Европската Народна Партија.
„Унијата на млади сили постигна уште еден голем меѓународен успех. Меѓународната секретарка на Унијата на млади сили, Луна Стефаноска, е избрана за потпретседател на Европските Демократски Студенти. Ова е јасен индикатор за континуираниот успех којшто Унијата на млади сили го бележи на меѓународно ниво и јасен показател дека нашето место е на масата во Европа, каде што се прават најважните одлуки“, рече Конески.
Унијата на млади сили изминатиот период макотрпно работеше за да се постигне овој уште еден голем резултат на меѓународен план.
„И понатаму ќе работиме во организациите каде што сме претставени во раководните тела за да продолжиме со јасна афирмација на македонските млади луѓе и да продолжиме да работиме секојдневно во нивниот интерес. Унијата на млади сили во втор мандат по ред има потпретседател во највисокото тело на студентската организација на Европската Народна Партија и тоа е нешто што ќе продолжиме да го правиме во иднина се со цел подобро претставување на младиот Македонец во меѓународните рамки“, рече Конески.
