Израел како реакција на овие напади, погоди неколку локации на кои се наоѓаа терористите од Хамас и од каде тие ги лансираа проектилите кон Израел. Оваа акција на Израелската армија беше успешна, бидејќи целта беше погодена – војници кои се високо во хиерархијата во Хамас.
Од Хамас потврдија дека неколку од нивните командири загинале во воздушните напади на Израел.
Но, за време на бомбардирањата, Израелските авиони погодија и кула во Газа, која после неколку минути целосно беше срамнета со земја. За сега нема официјални информации за бројот на загинати. Како што велат од Израелските одбранбени сили, тие дале предупредување за овој напад и најверојатно сите станари биле навремено евакуирани.
Како одговор на тоа, Палестинските бригади на Хамас лансираа голем број на ракети кон градот Ашкелон во Израел, а неколку од нив погодија и населени места.