Радио Лидер започнува серијал каде гости ќе бидат претседателските кандидати за оваа функција. Прв гостин беше актуелниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Јакимовски се осврна на позицијата врховен командант на воените сили. Тој направи паралела меѓу Македонија и Русија.
Се ни е како пред втората светска војна. Влегувањето на француската армија во Украина станува легитимна цел на Руската Федерација и нема да биде добро кога ќе има некој удар. Русија е најголема земја на светот. Таа е доволна сама на себе со технологија, знаење, човечки фактор. Русија се интегрира го прави БРИКС, ШОС. Македонија како мала држава треба да влегува во интегративни процеси и во тоа нема дилема. Ние сме дел од НАТО. Јас сум бил против влез во НАТО со промена на името. Хојт Ји ни викаше дека ни стоите на линијата на огинот, ние само требаше да влеземе во НАТО под референцата. Ние треба да ја јакнеме нашата улога во НАТО, вели Стевчо Јакимовски за Радио Лидер.
Тој поентираше „да за ЕУ и да за НАТО, но на прво место да ја ставиме Македонија“.
Јас ви гарантирам, дури и да го решиме проблемот со Бугарија ние нема да влеземе во ЕУ.
Ние овде имаме НАТО и ЕУ платеници кои постојано ја повторуваат онаа флоскула „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“. Дајте да направиме анализа кои се причините поради кои испропаѓаа толку многу фабрики, заклучува Јакимовски.
Тој упати критики кон водењето на надворешната политика на Бујар Османи и водењето на државата од Стево Пендааровски.