Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори и оти ова е реформска година и година на консолидирање. Би сакал, вели, да има редовни парлемантарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвена доколку тие се одржат една година порано.
– Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори, кои ќе се одржат набргу, пролетта 2028 година, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став за неговата вчлерашна изјава која одредени партии ја протолкувале како најава за избори.
Во врска со тоа дали 2027 година е опција, премиерот Мицкиски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвено да оди на избори и да победи.
-Но, она што ние сега го правиме и она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и да го зголемиме стандардот на граѓаните, рече Мицкоски.
Рече дека тоа што споменал оти наскоро може да има избори значи дека такви се законите и оти тие се одржуваат на секои четири години.
