Со вештачка интелигенција создадено видео по јавното разидување

Кавгата меѓу Трамп и Маск инспирираше видео создадено со вештачка интелигенција, во кое како музичка подлога е искористена безвременската балада „Wish You Were Here“ од легендарната рок-група Пинк Флојд.

Видеото е објавено во екот на јавниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, кој до неодамна беше негов близок соработник во новата американска администрација.

Кавгата меѓу Трамп и Маск ескалираше со лични обвинувања

Последниве неколку дена двајцата не се штедеа во меѓусебните навреди. Во јавни настапи и објави:

Трамп го обвини Маск дека прекумерно користи дрога, додека од своја страна Маск инсинуираше дека Трамп во минатото бил дел од друштвото на сексуалниот предатор Џефри Епстајн.