Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе потпиша договор со „кралскиот клуб“ за следните пет сезони – до летото 2029. 25-годишниот Мбапе утрово ги помина медицинските тестови, а потоа седна на маса и потпиша пред ТВ камери кои го пренесуваа неговиот договор ширум светот заедно со претседателот на „Реал“ Флорентино Перез.
Малку подоцна Перез на Килијан му го подари и дресот со број 9 со кој ќе игра за време на престојот во Мадрид. Според извори од клубот, Французинот никогаш не сакал да ја добие „десетката“ од почит кон ветеранот Лука Модриќ, кој ќе игра уште една сезона на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид до 2029-та година.
Во продолжение може да видите и видео од претставувањето на Мбапе пред 80.000 фанови на „кралскиот клуб“: