Трибините во Македонија веќе една година се празни. Поради пандемијата коронавирус сите мечеви се играат без публика. Навивачите на клубовите гледаат на различен начин да ги мотивираат своите миленици, па вечерва во СЦ „Јане Сандански“ на кратко дојдоа „Комитите“.
Целта е јасна – им дадоа дополнителен мотив на ракометарите на Вардар пред утрешното дерби (17 часот) со Е.Пелистер во домашниот шампионат. Им порачаа дека сакаат титула.
На оваа средба меѓу играчите и навивачите посебен подарок доби Иван Чупиќ, кој по крајот на оваа сезона се сели во ППД Загреб.
Најава за дерби РК Вардар – Пелистер 26.03.2021
Сакаме титула !
#ЕденЖивотЕднаЉубовPosted by Komiti Skopje on Friday, March 26, 2021