Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува весникот „Ла Вангардија“.
Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан.
Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма.
Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами.
По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта.
Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.
Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.
Volcán La Palma / Volcano La Palma
YOUTUBE 📺https://t.co/iXM5a8xjdD#VolcanLaPalma #volcanes #Italia #francia #alemania #China #autralia #Portugal #suecia #Londres #Dinamarca #Volcano #Actualidad #EEUU #Inglaterra— Espartano en ruta (@Espartanoenruta) September 22, 2021